Dark Mode Light Mode

Наутро магла, попладне сончево со 23 степени

Времето утре, претпладне, по должината на Повардарието, со магла и значителна ниска облачност, кои попладне ќе се намалат. Во преостанатиот дел од земјата сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, а особено по должината на Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде магливо и со значителна ниска облачност, попладне сончево. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 20 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Во претпладневните часови, особено по должината на Повардарието, ќе има појава на магла или значителна ниска облачност.

Реклама

До петок ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, особено по должината на Повардарието.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Во вториот круг избрани градоначалници во 35 општини, во 9 има приговори

Next Post

На непознати им дал пари на заем, добил безвреден часовник како залог

Реклама