Dark Mode Light Mode

Германски весник прогнозира: Димитров можен технички премиер?

Германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ) прогнозира дека Никола Димитров е кандидат за технички премиер на новата влада, во анализата што ја пренесе „Дојче веле“.

Весникот анализира три можни сценарија: актуелното мнозинство да продолжи да владее со нов премиер; да се формира техничка влада која на одреден период би ја предводела земјата. За втората варијанта, весникот пишува дека кандидат за премиер е поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров. Третата варијанта се предвремени избори, кои според ФАЦ, ги турка лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Весникот понатаму анализира дека оставката на Заев е пораз за Еврпската Унија. Како што се наведува во анализата, „клучно за мандатот на Заев не беше само тоа што му успеа, туку многу повеќе, тоа што му беше ускратено“.

Реклама

-Неговата храброст не беше наградена, или во најмала рака само со утешната награда за членство во НАТО. Неговата главна политичка цел, почетокот на преговорите со ЕУ, Заев ја пропушти. Тоа не беше негова вина, напротив. Случајот на Заев е школски пример за регионот. Веројатно премиерот на Северна Македонија во заминување ќе биде последниот премиер во регионот кој беше подготвен, за т.н. европска перспектива на неговата земја, да презема огромни политички ризици врз себе. Затоа, поразот на Заев може да важи и за пораз на ЕУ и на нејзината досегашна политика на проширување на Балканот, се додава во анализата на „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Поднесени приговори за гласањето во Старо Нагоричане, Шуто Оризари, Конче и Кочани

Next Post

Машиновозачите го добија вториот дел од платата за септември - возовите тргнаа

Реклама