Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово – Скопје. Имено, едно лице загинало во близина на село Ласкарци, откако синоќа во 17.53 часот патничко возило „Јагуар” со гостиварски регистарски ознаки, излетало од коловозот. Возилото било управувано од Н.И.(49) од село Чегране.
– На местото на несреќата починал сопатникот Н.З.(53) од село Чегране, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.
Возачот и сопатниците А.К.З. и Б.И. се повредени и се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.