Dark Mode Light Mode

Расте бројот на граѓани вакцинирани со трета доза против Ковид-19

Бројот на граѓани кои примиле трета доза против Ковид-19 е во постојан раст. Статистичките податоци на здравствените власти во државата покажуваат дека само во петок трета доза примиле 4 720 граѓани, односно 638 граѓани примиле прва доза, додека 1 472 се ревакцини. Заклучно со петок вкупно се вакцинирани 801 326 граѓани, ревакцинирани се 769 356, а трета доза примиле 10 386 граѓани.
Како што информираат од Министерството за здравство, 57 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 осто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Од друга страна состојбата со позитивните случаи со Ковид-19 не е променета многу. Од последните тестирање повеќе од десет проценти биле позитивни на Ковид-19, односно од вкупно 4 151 тестирање вчера, 482 граѓани биле позитивни на корона вирус. Институтот за јавно здравје истакна дека вчера како оздравени се регистрирани 280 пациенти.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 199 539,бројот на оздравени пациенти е 186 211, на починати е 7 036, а бројот на активни случаи изнесува 6 292.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Во САД Aплицирани речиси 413 милиони вакцини против Ковид-19

Next Post

Приведен прилепчанец, затекнат при кражба од возило

Реклама