Dark Mode Light Mode

Арачиновци превезувале мигранти од Индија кон Грција

-Вчера 19.00 часот на автопатот Скопје – Гевгелија, на место викано „Клучка – с.Смоквица“, полициски сужбеници од Полициската станица за Граничен премин „Богородица“ дале знак за запирање на патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало и продолжило да се движи со голема брзина кон граничениот премин „Богородица“. По преземени мерки, во близина на царинскиот терминал биле пронајдени возилото и совозачот Е.Ј.(24) од с.Арачиново, скопско. Исто така, во близина на возилото биле пронајдени и девет лица мигранти од Индија. Совозачот бил лишен од слобода, а миграните биле спроведени во Прифатно- транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка, велат од полицијата.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Претрес во Куманово, пронајдена дрога

Next Post

Мицкоски: МВР следи и шиканира луѓе

Реклама