Dark Mode Light Mode

ВМРО-ДПМНЕ: Народот пати, ги лажат за гасификација

Заев 5 години оди низ Македонија и ги лаже граѓаните. Истите ветувања кои што ги даваше на претходните избори повторно ги дава сега. Заев во 2016 и 2017 ветуваше гасификација, гасификација нема, но затоа повторно ја ветува, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, нема место каде што Заев не ветуваше водоводи и канализации, и повторно за истите места Заев пак ветува водоводи и канализации. 4 години ништо не направиле малите зоранчиња, негови градоначалници.

-Заев гледа дека дебело ќе загуби и затоа е нервозен. Затoа Заев навредува и шири говор на омраза. Заев нема решение за ниту еден проблем, затоа што тој е проблемот. Заев 4 години ги лаже земјоделците, лозарите, јаболкарите, овоштарите, оризарите сите мака мачат со продажба на произведеното. Цените кои им се нудат не се доволно ниту трошокот да го покријат, а не пак да им остане нешто за егзистенција. Народот пати. Половина милион луѓе се на раб на егзистенција со по 150 денари на ден, а Заев вози БМВ од 100.000 евра. Тоа е болната реалност, стои во партиското соопштение.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Македонските ракометарки минимално поразени и во Црна Гора

Next Post

Секој скап зафат или проект во Скопје мора да се провери на референдум

Реклама