Полициски службеници од полициската станица во Делчево, синоќа околу 2 часот по полноќ, во селото Тработивиште уапсиле 30-годишна албанска државјанка.
За жената, со место на живеење во делчевското село, постои сомнение дека во 2016 година сторила кривично дело по член 123, а во врска со член 19 од Кривичниот законик – убиство во обид, велат од МВР.
Таа била задржана во полициска станица за понатамошна постапка.