Dark Mode Light Mode

Возел со 4,26 промили алкохол во крвта

Полицијата информира дека синоќа во периодот од 23.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 70 возачи.

-Од нив, 12 на територијата на СВР Скопје, по 11 на територијата на СВР Тетово, СВР Охрид и СВР Штип, девет на територија на СВР Велес…, велат од МВР.

Според објавеното, еден од „фатените“ возачи се движел со 4,26 промили алкохол во крвта.

Реклама

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, додаваат од полицијата.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Македонија ја пречекува Германија

Next Post

Осум лица се степале во кафеана во Центар

Реклама