Dark Mode Light Mode

Бектеши се пофали: Со мерките го зголемивме туризмот – ама и заразените?

Мерките на Министерството за економија даваат резултат, туризмот пополека се враќа во нормала. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на туристи во периодот јануари-јули 2021 година бележи раст од 56,6 отсто, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил.

Во првите седум месеци годинава се регистрирани вкупно 317.713 туристи кои оствариле 1.034.645 ноќевања.

-Имајќи предвид дека во светски рамки туризмот беше една од најпогодените индустрии од пандемијата со ковид 19, главниот фокус на Владата преку Министерството за економија како надлежна институција за развој на туризмот беше да се подржат најпогодените сектори. Фокусот беше во зачување на работни места во овој сектор и подршка на индустријата преку конкретни финансиски мерки. Имајќи ги предвид бројките на туристи и ноќевања можеме да покажеме дека мерките кои се имплементирани дадоа видливи резултати, вели Бектеши.

Реклама

Никој не ги спори бројките со кои се пофали Бектеши, но министерот „заборави“ да спомене дека и сегашните високи бројки на заразени и особено починати од ковид се исто така резултат на немањето никакви ограничувања за влез во земјава во тој период.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

По три години битка: Судот утврди дека директор на скопско основно училиште бил насилен кон вработена

Next Post

Жителите на дури 11 улици во Карпош утре пет часа без вода

Реклама