Dark Mode Light Mode
Оперирано 17 годишно момче со тумор на десната подлактица
По три години битка: Судот утврди дека директор на скопско основно училиште бил насилен кон вработена
Бектеши се пофали: Со мерките го зголемивме туризмот - ама и заразените?

По три години битка: Судот утврди дека директор на скопско основно училиште бил насилен кон вработена

Граѓанскиот суд во Скопје утврди дека директорот на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Скопје насилно се однесувал кон вработена.

Случајот го објави Хелсиншкиот комитет за човекови права и коалицијата „Маргини“, кој датира од пред три години, односно толку трае правната битка на вработената.

Училиштето е во Општина Аеродром, а директорот сѐ уште е на својата позиција во училиштето, а вработената во текот на оваа година добила отказ.

Реклама

Вработената во ова училиште, по сите обиди да ги заштити нејзините права на 25 февруари годинава, до Основниот граѓански суд Скопје поднела предлог за изрекување привремени мерки за заштита од родово базирано насилство – домашно насилство, поддржано и од страна на ЈУМЦСР на Град Скопје, со предлог за изрекување привремени мерки за заштита, против директорот.

Против директорот Перо Арсеновски се изречени привремени мерки за заштита од семејно – домашно насилство, како кон вработената така и кон членовите на нејзиното семејство и двете малолетни деца, кои се ученици во истото училиште:

-му се забранува на Перо Арсеновски да се заканува дека ќе стори семејно насилство;

– му се забранува на да ја малтретира, вознемирува и да врши семејно насилство врз неа;

-му се забранува да ја вознемирува и да телефонира;

-му се забранува да ги вознемирува членовите на нејзиното семејство и двете малолетни деца.

Привремените мерки се во времетраење од 6 месеци почнувајќи од 2 септември годинава, а жалбата не го одлага извршувањето на ова решение.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Оперирано 17 годишно момче со тумор на десната подлактица

Next Post

Бектеши се пофали: Со мерките го зголемивме туризмот - ама и заразените?

Реклама