Dark Mode Light Mode
„Ко то тамо пева“ вечерва во Кинотека на Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев, Филипче и Хасани не сакаат да се дознае како се градени модуларните бараки
Утрово во Албанија регистрирани два земјотреси

ВМРО-ДПМНЕ: Заев, Филипче и Хасани не сакаат да се дознае како се градени модуларните бараки

„Заев, Филипче и Хасани да си дадат оставки, само така ќе имаме непристрасна истрага која ќе даде одговор на сите прашања, на кои премиерот, министерот за здравство и неговиот заменик не сакаат да им го слушнат одговорот.

Заев, Филипче и Хасани знаат, но постои опасност дека нема да сакаат да се дознае:

– Како се градени модуларните болници, од каков материјал и на кој начин?

Реклама

-Дали министерството за здравство побарало од изведувачот минимум стандарди за градба на модуларните бараки?

-Колку е платено за нивната изградба и дали тоа соодветствува со добиениот производ?

-Зошто немало противпожарни апарати и систем за противпожарна заштита?

-Зошто немало доволно медицински персонал, и каква е таа здравствена заштита во која лекари се роднините на болните?

-Зошто било плаќано мито за грижа на пациентите?

-Кој од власта се заканува врз роднините на жртвите од несреќата и ги опоменува што да сведочат?

-Ако одделот за организиран криминал на обвинителството не води постапка, тогаш кој тоа го прави во обвинителството?

-Дали ОЈО ја слушна изјавата на премиерот кој призна дека е длабоко инволвиран во истрагата која мора да биде непристрасна и објективна?

-Што треба дополнително да се случи за да Зоран Заев и Филипче си поднесат оставки и ја ослободат истрагат

Време е за одговори и одговорност. Време е за оставки од Заев, Филипче и Хасани, а потоа за независна и непристрасна истрага од која ќе се утврди вина.

Со Заев, Филипче и Хасани на позиција постои опасност одговор на поставените прашања воопшто и да не добиеме“.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

„Ко то тамо пева“ вечерва во Кинотека на Македонија

Next Post

Утрово во Албанија регистрирани два земјотреси

Реклама