Dark Mode Light Mode
30 починати и 572 новозаболени со Коронавирус
Царовска е на потег: Што ќе преземе МОН откако правобранителот ги искара за немањето учебници и за протоколите?
„Ко то тамо пева“ вечерва во Кинотека на Македонија

Царовска е на потег: Што ќе преземе МОН откако правобранителот ги искара за немањето учебници и за протоколите?

Народниот правобранител вчера укажа на јасни пропусти во спроведувањето на протоколите во училиштата, и побара од Министерството за образование итно да преземе мерки, за што ќе треба во рок од 10 дена да го извести. Јасните забелешки на правобранителот се однесуваат на чудните проценти што МОН ги изнесува пред камерите во врска со новозаразени деца, носењето на маските заради кои децата се соочуваат со здравствени проблеми, немањето учебници, проблеми со дигиталните учебници, тешкотиите заради недоволната интернернет покриеност при спроведувањето на онлајн наставата, немањето на образовни асистенти за сите ученици со попреченост…

Министерката за образование вчера во изјава за медиумите за дел од проблемите топката ја префрли на родителите и училиштата. На првите ги искара дека недоволно ги мотивирале децата дигиталните уреди да ги користат за учење, наместо за играње. А на училиштата им ја префрли топката зошто немало нови и доволен број учебници, особено по историја и географија, за 6-то одделение.
-Колку пријавиле, толку добиле! Минатите години дури имаше и препечатеност на учебници, учебници има, одговори вчера Царовска на новинарските прашања.

Сега останува МОН да се соочи со проблемите на кои до сега укажуваа родителите, но сега јасно ги извади и правобранителот. Што ќе преземе Царовска односно надлежните институции, ќе мора да одговорат во рок од 10 дена откако правобранителот им ги достави детално сите забелешки. Дали ќе има одговорност?

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

30 починати и 572 новозаболени со Коронавирус

Next Post

„Ко то тамо пева“ вечерва во Кинотека на Македонија

Реклама