Dark Mode Light Mode

Од утре повеќе автобуси низ Скопје поради почетокот на учебната година

Поради почетокот на учебната година и очекуваната поголема фреквенција на патници, од утре во сообраќај ќе бидат вклучени зголемен број автобуси.

Како што информираат од ЈСП, автобусите ќе сообраќаат по делничен возен ред, односно јавниот превоз ќе го опслужуваат зголемен број возила во споредба со изминатите неколку месеци. Возниот ред е достапен на веб-страницата www.jsp.com.mk.

Од утре повторно ќе важат бесплатните годишни средношколски билети за користење на јавниот превоз. Билетите ќе бидат активирани системски, односно учениците немаат потреба од посета на продажните места на ЈСП „Скопје“.

Реклама

Учениците од прва година средно образование ќе добијат на користење привремени (хартиени) билети за бесплатно користење на превозот, кои ќе им бидат дистрибуирани преку училиштата.

И натаму привремено е укината одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 години, мажи со 64 години) во вторник, петок, сабота и во недела.

ЈСП „Скопје“ апелира до сите корисници на јавниот превоз да ја почитуваат одлуката за користење заштитна маска при користење на превозот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Кој собра, собра: 25 независни кандидати за градоначалници влегуваат во трката за локалните избори

Next Post

Се заоструваат мерките: Во кафеани само со две дози вакцина

Реклама