Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека вакцинираните лица од земјава може да патуваат каде што сакаат приложувајќи ги ковид-пасошите и сертификатите и за нив не важи забраната откако Македонија беше ставена на „црвената“ листа на ЕУ.
Тој објасни дека само вакцинирани луѓе во европските земји може да влегуваат на настани или во угостителски објекти, секаде како критериум се бара вакцинацијата, а при патување не е потребен карантин за вакцинираните граѓани и на овој начин е обезбеден полесен и побезбеден живот.