Dark Mode Light Mode

Жител на Желино е осомничен дека сакал да го секне кислородот за пациентите со ковид во тетовската болница

Четириесет и две годишен жител на селото Желино вчера бил приведен, бидејќи полицијата се сомнева дека тој е вмешан во оштетувањето на системот за централен довод на кислород во тетоската болница што се случи на 23 август.  Тогаш насилно беа оштетени две бакарни цевки, од кои едната  за компримиран воздух била скината, а втората за азотен оксидол била свиткана.

-Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово вчера околу 17 часот во Тетово го лишиле од слобода А.Р.(42) од тетовско Желино поради сомнение за негова инволвираност во оштетувањето на двете бакарни цевки во кругот на тетовската Клиничка болница, пријавено на 23 овој месец. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од СВР Тетово велат дека по барање на болницата по инцидентот е зголемено присуство на полицајци околу објектите.

Реклама

Тогаш кога се случи овој монструозен настан, во болницата имало 125 пациенти на кои им бил загрозен животот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Филипче објави дека денеска има под 900 новозаразени, причината за смртноста ја гледа во невакцинирањето

Next Post

И покрај високите казни, не им доаѓа памет: 26 возачи казнети поади затемнети стaкла

Реклама