На 19 септември се отвора филмскиот фестивал „Скопје синема сити“, во отворениот простор на Кинотека на Македонија.
За првиот ден се резервирани документарните филмови за Брајан Ино, „Имагинарни пејсажи“ и „Џон се обидуваше да контактира со вонземјани“, како и „Приказни од искршениот џубокс“ за музичарот и поет Том Вејтс.
Вториот ден ќе се прикажат филмовите „Гранд Хотел Барбес“ и „System K.“ Настанот е организиран во соработка со Францускиот културен центар и ќе биде реализиран според актуелните здравствени протоколи кои се одобрени од Министерството за здравство за организација на јавни настани на отворено.