Dark Mode Light Mode
На Заев и Ципрас им е врачена Меѓународната награда за мир
СДСМ: Мицкоски, Села и Гаши се дават во „Од немај каде“ коалиција осудена на пораз и пропаст
Стражар во рудник во Прилеп пронајден мртов под неговиот автомобил

СДСМ: Мицкоски, Села и Гаши се дават во „Од немај каде“ коалиција осудена на пораз и пропаст

СДСМ ја има коалицијата која убедливо ќе победи на на локалните избори по сите критериуми и параметри бидејќи СДСМ гради коалиции врз основа на јасна, конкретна и остварлива понуда.

Новата коалиција на Мицкоски, Села и Гаши е “Од немај каде” коалиција која е од напред осудена на пропаст и пораз.

Соочен со седмиот по ред пораз од народот, Мицкоски е до толку уплашен што промовира коалиција со истите оние кои ги нарекуваше предавници, оние кои според ВМРО-ДПМНЕ „не го признаваат македонскиот идентитет“ и со истиот Села на кој неговите од ВМРО-ДПМНЕ насилно го влечеа во Собранието и му нанесоа крвави животозагрозувачки повреди на 27 април.

Реклама

Им кажа ли Мицкоски на Села и Гаши дека сака поништување на Договорот од Преспа?

Им соошти ли дека е против Законот за јазици?

Им раскажа ли што бараше во Собранието на 27-ми април?

Мицкоски е политичар без став, принуден да прави коалиции со оние кои најмногу ги мрази и тој, а и неговото тврдо партиско членство.

Од напред се поразени и осудени на пропаст тие што од немај каде наутро скандираат “Чиста Македонија”, а попладне лажно се оградуваат за 27 април.

Политичари без став се поразени политичари, а Мицкоски е репрезент на оваа карактеристична група

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

На Заев и Ципрас им е врачена Меѓународната награда за мир

Next Post

Стражар во рудник во Прилеп пронајден мртов под неговиот автомобил

Реклама