Dark Mode Light Mode

Учениците од 1 септември ќе одат во школо на „ура“ – не се планира да се тестираат, ќе се анализирало

Нема план и препорака засега за ПЦР-тестирање на учениците од 1 септември кога ќе се отворат училиштата, како што прават некои земји во Европа кои ги тестираат  бесплатно трипати во неделата.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека прибираат искуства од некои европски земји и ќе анализираат оваа недела и вели сè што може да значи дополнителна заштита на здравјето, ние ќе го воведеме. Меѓутоа, мора да бидат сигурни дека сето тоа што ќе го донесет навистина ќе биде ефективно односно ќе даде некаков резултат и од тоа да се извлече некоја поука.

Она што не објасни министерот Филипче е што се анализира и дали тоа значи дека они европски земји кои воведуваат тестирања на учениците дури и три пати неделно, донеле избрзани одлуки, нешто неефикасно?!

Реклама

Во однос на поуките, се надеваме дека нема да биде онаа дека повторно сме закасниле со мерките.

Според МОН, ќе се следи епидемиолошката состојба и препораките од Комисијата за заштита од заразни болести и доколку се влоши и се зголеми ризикот за ширење на заразата, подготвени се веднаш да го променат моделот на настава односно да ги применат двете резервни сценарија.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Се следат антиваксерските објави на лекари на социјалните мрежи - наскоро ќе има став од Лекарската комора

Next Post

Кој се живее меѓу нас: Се обиделе да ги пресечат цевките за довод на кислород во тетовската болница

Реклама