Dark Mode Light Mode

„Изи Џет“ влегува кај нас од ноември со линијата Скопје- Женева

Нискобуџетниот оператор „Изи џет“ ќе влезе на македонскиот пазар во претстојната зимска сезона со авиолинија помеѓу Скопје и Женева. Летовите ќе почнат на 1 ноември и првично ќе се изведуваат двапати неделно, секој понеделник и петок, а од декември летови ќе има трипати неделно.

Авиокомпанијата во моментов нема директна конкуренција на оваа авиолинија. Таа ќе стане трета нискобуџетна авиокомпанија што ќе го опслужува скопскиот аеродром заедно со „Визер“ и „Пегасус ерлајнс“.

Врз основа на податоците на ОАГ, компанија која обезбедува аналитички податоци за авиокомпании и аеродроми, вкупно 3.923 патници патувале индиректно помеѓу Скопје и Женева во периодот пред пандемијата во 2019 година, додека минатата година бројката изнесувала нешто повеќе од 600. Овие бројки вклучуваат само патници што имале само една промена на лет за да стигнат во Женева или во Скопје.

Реклама

„Визер“, која е доминантна авиокопмпанија во Скопје, не може да воспостави летови меѓу Швајцарија и Македонија бидејќи авиолиниите меѓу двете земји се регулираат преку билатерални договори. Летовите на „Визер“ кон Базел се смета дека се летови кон Франција. Од друга страна, пак, „Изи џет“ има подружница во Швајцарија.

Од „Изи џет“ претходно изјавија дека за нив не претставува пречка присуството на „Визер“ на македонскиот пазар и дека ќе бидат воспоставени летови до земјава само доколку има доволно побарувачка.

Со ова, Босна и Херцеговина останува единствена земја од поранешна Југославија во која „Изи џет“ не ги нуди своите услуги.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Невакцинираните во Грција од 13 септември нема да велгуваат во затворено, а вработените нон-стоп ќе се тестираат на своја сметка

Next Post

УХМР со предупредување: Попладнево и утре дожд и грмежи, да не се престојува на отворено и под дрвја

Реклама