Dark Mode Light Mode

Се следат антиваксерските објави на лекари на социјалните мрежи – наскоро ќе има став од Лекарската комора

Лекарската комора ги следи објавите на социјалните мрежи и изјавите на медицинските лица кои го компромитираат процесот на имунизација против ковид и наскоро ќе излезат со став околу овие појави.

Ова го кажа министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање околу дезинформациите што се шират на социјалните мрежи и од граѓаните, но и од медицински лица.

-Во однос на ширењето лажни вести во делот кога тоа го прават граѓани… Тие треба да знаат дека со лажните вести го загрозуваат јавното здравје и се доведува до сериозно оптоварување на болниците поради ширењето страв кај луѓето за да не се вакцинираат. Ние ги слушаме сите ставови и на протестите, но досега не сме слушнале издржана контрааргументација за вакцинирањето, бидејќи тие протести се проследени со навреди и закани. Но, во исто време имаме зголемен број граѓани што се вакцинираат, дневно се вакцинираат по 12 до 13 илјади. И тоа е сериозен глас на граѓаните. Во врска со медицинските лица што шират такви ставови, Лекарската комора сериозно ги анализира сите и наскоро ќе излезе со свој став, рече Филипче.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Болниците се полнат- засега има 700 пациенти со компликации од ковид, најмногу во Тетово и Гостивар

Next Post

Учениците од 1 септември ќе одат во школо на „ура“ - не се планира да се тестираат, ќе се анализирало

Реклама