Dark Mode Light Mode

Оди па разбери: Студентите на настава комбинирано, основците и средношколците во клупи

На државниот универзитет во Скопје, предавањата во зимскиот семестар од учебната 2021/2022 година ќе бидат со комбиниран модел на настава (онлајн и со физичко присуство), соопштија Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

Испитната сесија која е во тек, исто така, продолжува комбинирано, односно според одлуката на професорот дали испитот ќе се спроведува онлајн или со физичко присуство, со почитување на мерките за заштита од ковид-19.

УСС на УКИМ на фејсбук-страницата информира дека е донесен заклучок да се овозможи отворање вакцинален пункт на на Универзитетот за да се олесни процесот на вакцинација на студентите и на кадарот на Скопскиот универзитет.

Реклама

Од Владата ќе се бара изготвување протоколи за високо образование и допрецизирање на Одлуката за превентивни препораки, привремени мерки, наредни мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување и заштита на здравјето на населението од ковид-19.

МОН веќе соопштти дека наставата за основците и средношколците од 1 септември ќе биде со физичко присуство, освен за неколку исклучоци.

И сега прашањето е, зошто студентите би оделе на ваков принцип додека основците и средношколците поинаку?

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Независни кандидати и листи речиси во сите општини - собирањето потписи трае до 30 август

Next Post

Странец дошол кај родителите на сопругата, ја истепал и им се заканувал

Реклама