Dark Mode Light Mode

Поради дождовите и малиот број пожари од денеска може во шума, но само со дозвола

Поради намалениот број на пожари и врнежите од пред неколку дена кои ја подобрија состојбата, од денеска ЈП „Македонски шуми“ ја ублажува мерката за забрана за движење во шуми – само со однапред добиена дозвола, изјави на денешната прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Правните и физички лица кои имаат потреба да се движат во природа, од денеска со однапред добиена дозвола ќе може да го направат тоа.

Ова се однесува и на планинарите и на параглајдеристите, кои ги користат планините за своите активности.

Реклама

Во моментот активни се четири пожари – над селата Раовиќ и Буковиќ, во Општина Сарај, над селото Патишка река кон Јасен, во струмичко Василево и прилепското село Топлица.

Активен е и пожарот над селото Патишка Река кон Јасен, но тој се држи под контрола, а реактивиран е и пожарот во прилепското село Топлица, кој, исто така, брзо ќе биде ставен под контрола.

Пожар има и во струмичко Василево, кој што е на тромеѓето на општините Берово, Радовиш и Струмица. Во беровско е над селото Нивичани. Овде, пред се, горат остатоци од исечени дрвја, но верувам дека овој пожар ќе биде совладан во текот на денешниот ден.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Утре и в сабота спремете се за пороен дожд

Next Post

Чекањето на Табановце како кошмар - околу два часа за излез од земјава

Реклама