Dark Mode Light Mode

Вчерашното невреме откорна десетина дрвја, „настрадаа“ два автомобила во Центар

„Паркови и зеленило“ имало 10-тина интервенции во Скопје и скопско откако вчера беа зафатени од краткотрајно силно невреме.

Но, оттаму велат дека бројот на паднати дрва е многу поголем.

-Од синоќешното краткотрајно невреме паднаа 10-на дрвја кои беа расчистени од нашите екипи на терен.Но за жал бројот на паднати дрвја е многу поголем. Утрово се уште примаме пријави од екипите на терен низ скопските подрачја, како и од граѓаните, велат од претпријатието.

Реклама

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, на Фејсбук објави дека од невремето паднало дрво во центарот на Скопје при што оштетило две паркирани возила.

Од Град Скопје информираа дека краткотрајното невреме кое го погоди скопскиот регион предизвика мали штети – прекин на електричната енергија во делови на Центар и Аеродром, прекин на телекомуникациската мрежа во неколку скопски населби, десетина паднати дрвја и неколку оштетени автомобили.

Доколку забележите паднато дрво или гранки испратете фотографија и адреса на info@parkovi.com.mk или директна порака на Фејсбук профилот на ЈП „Паркови и зеленило“.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

И денеска околу илјада новозаразени за 24 часа, 10 отсто од нив се вакцинирани

Next Post

Водно на чекор од заштитено подрачје од петта категорија - што значи тоа?

Реклама