Dark Mode Light Mode

„Ѕуница Фестивал 2021“ почнува во сабота на 21 август

На 21 и 22 август, во местото „Белиот Рај“ кај Миравци се одржува првиот „Ѕуница Фестивал 2021“, чија цел е да прерасне во традиција, а е најавен како обид за моќно конектирање на музиката и уметноста.

Според поранешната новинарка и творец на идејата за ваков фестивал, Моника Јовановска, оваа уникатна манифестација ќе и понуди на публиката алтернатива за задоволување на потребата за автентичен летен фестивал во прекрасниот јужен предел Миравци.

-Ова ќе биде фестивал кој благодарение на многубројните фанови и најдобрите артисти од локалната, регионалната и светската музичка и уметничка сцена, секоја година ќе се одржува во одлична атмосфера, константно доведувана до еуфорија и ќе претставува единствено искуство исполнето со позитивна енергија. На нашите простори се нема одржано фестивал од ваков тип, каде што уметници од различни возрасти ќе можат да творат во природа, слушајќи музика, и тоа во различен временски интервал, со различна музичка позадина, секој музички правец ќе претставува посебен цртеж, објаснува Јовановска.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Многу граѓани со едногласно „не“ за вакцинирање под притисок - ќе има ли Владата слух за нив или останува на своето?

Next Post

Владините мерки почнуваат од денеска, граѓани на протести кажаа - тоа е дискриминација

Реклама