Dark Mode Light Mode

На 27 август почнува Фестивалот на независна балканска сцена во Парк Шумата Гази Баба

Со претставата „Каква ти е жената, таков ти е животот“ со Драган Маринковиќ-Маца почнува Фестивалот на независна балканска сцена, на 27 август, во Парк шумата Гази Баба. Почнува во 20 часот, но не е единствената што ќе биде изведена деновите по 27ми, односно во периодот до 5ти септември до кога и ќе трае фестивалот.

Останатите се претставите „SEX BOMB”, „Не ми го чепкај пивото”, „Средба со неочекуваното” – Tеатар ГЕСТОС / Читалиште Елин Пелин, Софија, „Јас бремената” – Театар КЕРЕКЕШ, Вараждин; Хрватска, и „Ожени ме” во продукција на Театар Провокација.

-Ова е една од најстарите театарски трупи која опстојува веќе 30 години на оваа балканска сцена, а за да се опстане толку време мора да се понуди квалитет. Раде Вукотиќ е директорот и режисерот на овие претстави и тој секогаш во неговите претстви има ѕвезди. Станува збор за фестивал со натпреварувачки карактер, на крај ќе се доделуваат награди за најуспешната претстава, најуспешните актери, режија и се она кое ќе го видиме дека се издвојува по нешто, истакнуваат од Театар Провокација.

Реклама

Фестивалот ќе се одржува во Парк шума кај црквата Сретение Господово во општина Гази Баба, а влезот ќе биде слободен.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

После депонијата од кабаст отпад, аеродромци извадија нови грди слики од терен: ѓубриште во Долно Лисиче и во паркче близу Мичурин

Next Post

Водно не ги разбира законите со кои го штитат

Реклама