Dark Mode Light Mode

Награда за најдобра режија за „Хомо“ на фестивал во Индија

Награда за најдобра режија е уште една во низата освоени за филмот „Хомо“ на Игор Иванов – Изи, на Фестивалот на Интернационален филм во Лаваса, Индија.

–„Хомо“ Светската премиера ја доживеа оваа година, на 51. ГОА ИФФ Индија, Европската премиера во рамките на 25. ИФФ Софија и Македонската – на СИНЕДЕЈС, сите значајни и меѓународно признати фестивали. До сега го прикажаа над десет фестивали во Канада, САД, Велика Британија, Индија, Романија, Србија, Бугарија, а доби награда и на фестивалите Gbeck Future Film Festival – Награда за Најдобар Филм, WorldFest-Houston International Film Festival – Бронзена Реми Награда и IndieFEST Film Awards – Награда за Извонредност Специјално Признание, информираат од Скопје Филм Студио.

По Индија, „Хомо“ оди на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси, кој се одржува од 27 август до 5 септември 2021 година.

Реклама

-„Хомо“ е приказ на апсурдот на судбината, претставен низ уникатните животни приказни на шест главни ликови. Во ова филмско дело, режисерот го соочува обичниот човек со загрижувачките состојби на нехуманост, алчност и суровост – состојби кои тивко, но полека го уништуваат општеството. Филмот прикажува шест лица, шест состојби во луцидно поврзани епизоди проткаени со црн хумор. Безнадежните ликови случајно се среќаваат во модерната метропола, при бескрајни обиди да опстанат и најдат малку среќа. Невработениот дипломец станува гробар, ужалената вдовица – монахиња, свештениците се коцкаат, а со судовите владеат гангстери. И токму во оној момент кога изгледа дека надежта е мртва, едно осамено момче успева да пронајде љубов, се вели во соопштението од Скопје филм студио.

Во филмот играат: Александар Матовски-Цако, Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Јордан Симонов, Мајлинда Косумовиќ од Косово, Сашко Коцев, Оливер Митковски, Сергеј Димовски, Јоана Буковски од Бугарија, Себастијан Каваца од Словенија, Јелена Јованова, Мони Дамевски, Мартин Манев, Славиша Кајевски.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Зошто станицата за кабаст отпад во Аеродром не е исчистена од кога е поставена?

Next Post

Невакцинираните во Грција од 13 септември нема да велгуваат во затворено, а вработените нон-стоп ќе се тестираат на своја сметка

Реклама