Dark Mode Light Mode

Има само два активни пожари – досега имало 106 со изгорени десетина објекти

Од попладнево активни се само уште два пожари од кои едниот кај село Раовиќ и Буковиќ од страна на Сува планина, а другиот во атарите на селата Ракле – Никодин – Топлица.

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов информира дека од моментот кога започнаа првите пожари до денеска имало вкупно 106 поголеми шумски пожари од кои најлошиот беше тој што ги зафати општините Берово, Пехчево и делумно Делчево којшто е успешно изгаснат.

Изгорени се десетина објекти, пред се, стари куќи и придружни објекти, како што се штали, плевни и слично и изгорен е покрив на куќа во Кочани.

Реклама

Од страна на општините се формирани комисии кои детално ќе ја утврдат штетата и граѓаните ќе бидат праведно обештетени. Воедно и Владата е овде ако има некаде поголема штета да ја надомести. Но, во овој момент ЦУК смета дека штетите во населените места, во селата и градовите се навистина мали имајќи го во предвид обемот на пожарите кои ја зафатија државата.

– Овие пожари ни ги покажаа слабостите за кои бевме свесни, но овој пат постои црвста намера при ЦУК и ДЗС, да дадеме се од себе да направиме брзи, длабоки реофрми со кои ќе ги отрстраниме сите согледани недостатоци. Активно подготвуваме план за реформи. Ќе формираме широко тело кое ќе се зафати со овие коренити реформи и верувам во следните месеци ќе успееме да ги поставиме основите на новиот систем за управување со кризи, единствен систем кој ќе ги опфати сите чинители кои се расфрлани во неколку институции, рече Ангелов.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Османи: 25 наши граѓани ќе се евакуираат од Авганистан, уште 50 во следните 72 часа

Next Post

Осум починати и 296 нови заразени за 24 часа

Реклама