Dark Mode Light Mode

Илинден на Мечкин Камен без говор на Пендаровски, но за првпат ќе дојде Ахмети

Претседателот Стево Пендаровски годинава на централната прослава на 2 Август во Крушево, нема да држи политички говор. Тој денеска кажа дека одлучил годинашната прослава да биде поинаква, да биде за обединување на сите граѓани и политички партии, а не како изминативе 30 години со исвиркување и навреди.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, нема да оди да го чествува Илинден на Мечин Камен на 2 Август иако шефот на државата, Стево Пендаровски, изјави дека го очекува да присуствува на манифестацијата.

Џафери изјавил дека има други обврски, а наместо него, претставник на Собранието ќе биде потпретседателот на Собранието, Фадил Зендели.

Реклама

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, првпат ќе го чествува Илинден на 2 Август на Мечкин Камен. Според Пендаровски, тој и премиерот Зоран Заев го потврдиле присуството.

Пендаровски рече дека на прославата во Крушево го очекува и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Мозочни удари, сообраќајки, хронични состојби - од утрово над 30 интервенции на Итната помош во Скопје

Next Post

Пендаровски нема да ги потпише измените на Изборниот законик, смета дека има нелогичности

Реклама