Dark Mode Light Mode

Мозочни удари, сообраќајки, хронични состојби – од утрово над 30 интервенции на Итната помош во Скопје

Зголемен број на повици во Службата за Итна медицинска помош во Скопје, не е невообичаено кога има екстремно виски температури. Но денеска, екипите од изутрината, досега, интервенираа кај 30 случаи.

Граѓаните кои бараат помош не се чувствуваат добро поради топлото време и имаат главоболки, болка во градите, зголемен крвен притисок…

Од Итната служба во Здравствениот дом Скопје велат дека има мозочи удари, сообраќајни несреќи и хроничните состојби. Посочуваат дека граѓаните можат да побараат совети на линијата 02 15123 на „Ало докторе“ или на матичен доктор и да не ја оптоваруваат линијата 194 со работи кои не се итни, додаде Бубало.

Реклама

Поради високите температури во портокалова фаза од Министерството за здравство потсетија и на општите мерки за заштита на здравјето, односно во текот на овие екстремно топли денови, граѓаните треба да останат повеќе време во затворени простории (пред сé климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.

– Да се носи светла и лесна облека, при директна изложеност на Сонце носете заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор. Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна. Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. При влегување во возило, потребно е истото тоа одреден период да се проветри. Хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари, стои во препораките.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Косово контра Македонија, Албанија и Србија: Отворен Балкан е опасна иницијатива

Next Post

Илинден на Мечкин Камен без говор на Пендаровски, но за првпат ќе дојде Ахмети

Реклама