Dark Mode Light Mode

Зголемен број заболени со ковид-19, но ситуацијата е стабилна, можни рестрикции наесен

Има зголемен број заболени од ковид-19 во Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар и Кичево, меѓутоа нема простор за паника, вели министерот за здравство, Венко Филипче, но според него ситуацијата е стабилна, нема голем број пациенти кои се лекуваат во болниците, вакцинацијата добро се одвива и на неа е ставен фокусот.

Рече дека се размислува за рестрикции во есенските месеци по примерот на некои други земји, за ограничувања при влез во затворени простории, на пример да се бара задолжителна потврда за вакцинација. Филипче е против воведување рестриктивни мерки на границите.

-Сигурно дека ќе воведеме некаква форма на рестрикција дури и во следниот период ако заклучиме дека за тоа има потреба и дека тоа може на некој начин да ја смири ситуацијата. Овие мерки ќе важат за тие кои не се вакцинирани. Има мерки кои веројатно ќе продолжат да важат и понатаму, тоа се маските во затворен простор, меѓутоа зошто да ги доведуваме во опасност сите. Точно е дека можат да се заразат и луѓе кои се вакцинирани, меѓутоа вакцината штити од тешка форма на болеста и сериозно го намалува ризикот од смртен исход и тоа е суштината. Во следниот период од веројатно една година, можеби две, има секакви прогнози ќе живееме со вирусот. Тој ќе биде присутен. Многу веројатно е дека ќе дојде и некоја следна мутација, а тоа не значи дека ние ќе живееме и треба да живееме со рестрикции. Битно е граѓаните да се вакцинираат во што поголем број, рече Филипче.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Разрешен директорот на НУБ „Климент Охридски“ поради незаконско работење

Next Post

На есен ќе се знае дали вакцината против ковид ќе стане сезонска

Реклама