Dark Mode Light Mode

Пендаровски нема да ги потпише измените на Изборниот законик, смета дека има нелогичности

Претседателот Стево Пендаровски нема да потпише указ за прогласување на измените на Изборниот законик со кој се бараат потписи од два отсто од избирачи во одредена општина, за независни кандидати да можат да бидат учесници на локалните избори.

Пендаровски смета дека не е логично претседател и советници во Град Скопје да се кандидираат со ист број на потписи на избори. Отстапка би направил само ако за ова прашање има широк консензус, кој засега го нема.

Дополнителна причина за непотпишување е што се носи непосредно пред распишување на избори.

Реклама

-Не може два дена пред распишување на избори да се носат измените. Нема логика бидејќи за кандидирање на претседател на државата се потребни 10.000 потписи, а толку да треба и за кандидирање советници во Град Скопје, рече Пендаровски на брифингот со новинарите.

Претседателот потсети и дека препораката на ОБСЕ е да се воведе праг за кандидирање за независни листи, но тој да биде до 1 процент. Тој смета дека не би имал аргумент да не го потпише указот, само ако има општа согласност за измените.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Илинден на Мечкин Камен без говор на Пендаровски, но за првпат ќе дојде Ахмети

Next Post

Разрешен директорот на НУБ „Климент Охридски“ поради незаконско работење

Реклама