Dark Mode Light Mode

Последен ден за аплицирање за субвенции за вградување плински уреди во возилата

Денеска е последен ден од јавниот повик за аплицирање за субвенции за вградување уред на погон на течен гас (ТНГ), метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата.

Според јавниот повик кој беше објавен на 7 јуни, сите граѓани кои што ќе вградат ваков вид уреди во своите возила ќе можат да остварат право на поврат од 50 проценти од средствата за вградување на плински уред, но не повеќе од 18.000 денари односно 300 евра.

За да добијат субвенции, сопствениците на возила произведени од 2005 година па наваму, треба да извршат купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата, по денот на објавување на Јавниот повик, во некој од фирмите кои вршат продажба и вградување на таквите уреди.

Реклама

До денеска се пристигнати 670 барања, а во Буџетот на Министерството за економија за реализација на оваа мерка се предвидени вкупно 11.000.000 денари за околу 610 апликанти.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Отворен е конкурсот за награда „Живко Чинго“, трае до 30 јули

Next Post

Уапсени четири лица кои краделе електро мотори, кабли и метални делови од Железници и Телеком

Реклама