Dark Mode Light Mode

Почнува 61-то „Охридско лето“

Вечерва на сцената на Античкиот театар, со почеток во 21 часот и најубавите дела на Чајковски – стартува 61-вото фестивалско издание на “Охридско лето“.

Станува збор за грандиозниот проект “Големиот Чајковски“ со над 90 уметници, балетските првенци, солисти, ансамблот и оркестарот на НОБ, предводени од диригентската палка на маестра Бисера Чадловска.

На репертоарот се делата од балетската трилогија ‘Лебедово езеро’, ‘Оревокршачка’ и ‘Заспаната убавица’ и извадоци од балетот ‘Ана Каренина’ и операта ‘Евгениј Онегин’. До 20 август во Охрид ќе настапат околу 500 уметници од 18 земји. Љубителите на музичката уметност, годинава на „Охридско лето“ ќе имаат можност да уживаат во 34 концерти, кои ќе се реализираат во Античкиот театар, во црквата „Св. Софија“ и „Долни Сарај“.

Реклама

Исто така публиката ќе може да проследи шест театарски претстави на различни сцени (Антички театар, Предворје на „Света Софија“, „Долни Сарај“, дворот на училиштето „Свети Климент“, Центарот за култура „Григор Прличев“).

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Дали вакцинирањето без закажување ќе биде масовно?

Next Post

Европска прагматична политика или лицемерие?!

Реклама