Dark Mode Light Mode

Проекција на концерт на Раде Шербеџија во Кинотека

Продолжува циклусот „Концерти во Кинотека со Croatia Records“ во Кинотека на Македонија, па утре, со почеток во 20.30 часот се проектира концертот на „Раде Шербеџија & Западни колодвор бенд @ ХНК Загреб“.

-На овој концерт Шербеџија, заедно со бендот „Западни колодвор“ изведе 21 песна, меѓу кои и култната „Не дај се Инес“ на Арсен Дедиќ, потоа „Остала си увијек иста“, „Чекај ме (Сеќавање на Есенин)“, „Барбара“, „Имам пјесму за тебе“, „Не марим да пијем“…, како и „Мени се душо од тебе не растаје“, создадена од перото на Џони Штулиќ, наведуваат од Кинотеката.

Концертот во ХНК беше одржан на 3 ноември 2019-та. А доколку во четврток заврне, настанот од летната сцена на Кинотека се преселува во внатрешноста на оваа установа. Влезницата е 100 денари.

Реклама

Следниот четврток, на 22-ти јули, во рамките на циклусот ќе биде емитуван концертот на Амира Медуњанин во пулската Арена.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

„Лазо Ангеловски“ ќе добие нови училници, „Димитар Македонски“ било само ветување

Next Post

Боки 13 читаше смс пораки, ќе ја изземе ли судот Русковска?

Реклама