Dark Mode Light Mode

Лото-премија од 669 илјади евра падна во Визбегово

Рекордна лото-премија во вредност од околу 669.000 евра се падна во Визбегово. Односно таму е направена уплатата, која беше извлечена како добитна во саботата, на 26 јуни.

Добитникот, според податоците уплатил 10 лото-комбинации.

Ова е четврта 7-ка од играта на среќа Лото 7, а 25-та лото-премија од почеток на приредување на лото-игрите на среќа, од 2010 година наваму

Реклама

Во историјата на лото-игрите на среќа, на Државна лотарија, за 7-ка досега се славеше во градовите: Свети Николе, Неготино, Тетово, Струмица Кавадарци, Кичево, Куманово, Битола и Скопје. Од скопските општини, на мапата на 7-ката, запишани се Општина Центар, Гази Баба, Кисела Вода, Чаир и Општина Бутел каде што по вторпат паѓа премија, овој пат во населбата Визбегово.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

На 13 јули почнува чистењето на канцерогениот линдан од Охис - ќе трае барем една година

Next Post

Вакцините се клучни за победа над делта-сојот и за крај на епидемијата

Реклама