Dark Mode Light Mode

Со високите температури доаѓаат и труењата со храна – ако не сте сигурни, фрлете ја

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) предупредува дека најавеното покачување на дневните температури, кои во одредени региони ќе надминат 40 степени, ги зголемуваат ризиците од труење со храна и претставуваат потенцијална опасност и за здравјето на животните.

За да се спречи евентуално труење со храна, треба да се направи правилен избор при набавката, да се обезбеди соодветен транспорт и услови за нејзино чување. Тоа значи да се купува храна од проверени места, каде производите, особено лесно расипливите од животинско потекло се чуваат во разладни уреди, да не се купува и консумира храна со оштетена амбалажа (нагмечена, надуена или напукната), разладените или замрзнатите производи да се купуваат на крајот од пазарењето, а лесно расипливата храна како што се месото, млекото, јајцата и други производи, по пазарењето да не се чуваат долго време во автомобилите и во други транспортни средства.

Во фрижидерите храната да се чува на температура пониска од пет степени и тоа на најгорните полици зготвената храна, а на подолните суровата. Термичката обработка на храната да се врши на температура повисока од 60 степени. Овошјето и зеленчукот пред употреба темелно да се измијат.

Реклама

Ако се јаде во угостителски објекти, треба да се внимава тоа да се оператори со храна кои водат сметка за хигиената и безбедноста и да имаат добра репутација. Во објектите за брза храна да се избегнува користење додатоци кои не стојат во ладилник како:  мајонез, кечап, крем салати, сосови, преливи.

Но, главниот совет кој доаѓа од надлежните е: Доколку сметате дека храната не е безбедна, не ризикувајте – фрлете ја!

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

И во Холандија ќе можеме да одиме без негативен тест и карантин

Next Post

Деноноќие без починати и со 13 нови заразени, 11 општини се без активни случаи

Реклама