Dark Mode Light Mode

Вчера повторно рипнаа вредностите на ПМ 10 – кој загадува?

На речиси сите мерни места во државава, освен Гевгелија вчера се надминати среднодневните концентрации на ПМ 10 честичките, информира Министерството за животна средина и просторно планирање.

Надминување има дури и на мерното место во Лазарополе, каде во вообичаени услови нема такво нешто.

Од Министерството сметаат дека причина е движење на топлата воздушна маса која носи прекугранична прашина – се претпоставува пустински ветер.

Реклама

За високите вредности на ПМ 10 честичките кај Ректорат и Миладиновци, Министерството смета дека е резултат на прекинот на електрична енергија при што настанал прекин во мерењата на сите параметри за квалитет на воздух вклучувајќи ги и мерењата на концентрацијата на ПМ 10 честичките.

Односно, објаснувањето е дека по доаѓањето на електричната енергија мерните инструменти се рестартираат, а појавените високи вредности на измерени концентрации на суспендираните ПМ честички се случуваат поради процесот на стабилизација на инструментот по неговото повторно ставање во функција и се невалидни.

Но, сепак, ќе следат консултации со Државниот инспекторат за животна средина за проверка на евентуално други можни извори на загадување.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

„Матица Македонска“ ја објави „Синдромот на самоуништувањето во десницата на македонското движење во Бугарија (1918-1934)“

Next Post

Чаир ќе добие булевар со шест ленти, но за две-три години

Реклама