Dark Mode Light Mode
Чаир ќе добие булевар со шест ленти, но за две-три години
Народен правобранител: Прекинот во издавање лични документи е повреда на правото на граѓаните
Планот е учениците наесен целосно да се вратат во училиштата

Народен правобранител: Прекинот во издавање лични документи е повреда на правото на граѓаните

Народниот правобранител смета дека повторниот прекин на издавање на лични документи (лични карти, патни исправи, возачки дозволи и друго) од страна на Министерството за внатрешни работи е повреда на правата на граѓаните и дека ваквиот потег сериозно ќе влијае на остварување на многу други права на граѓаните.

Омбудсманот најавува дека ќе ги испита евентуални пропусти во работењето на надлежните служби во МВР, кои би биле причина за прекините во издавањето на документите на граѓаните.

Народниот правобранител смета дека менувањето на системот или неговата надградба во период кога очекувано е да има зголемен прилив на барања за издавање на документи е несоодветно и претставува повреда на правата на граѓаните.

Реклама

МВР пред два дена соопшти дека од 23 (утре) до 27 овој месец нема да се примаат барања и нема да се издаваат лични документи – лична карта, пасош, возачка дозвола, а како причина наведуваат префрлување во нов систем.

Ова е второ вакво известување од МВР овој месец кое се објаснува со техничка надградба на системот.

Но, граѓани тврдат дека во последниов месец имаат тешкотии да закажат за лични документи како лични карти и пасоши, а повеќе од три месеци не можат да обезбедат ниту регистарски таблички за автомобили.

Од МВР денеска велат дека нема проблеми во издавањето на личните документи, туку има зголемен обем на поднесени барања поради пандемијата.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Чаир ќе добие булевар со шест ленти, но за две-три години

Next Post

Планот е учениците наесен целосно да се вратат во училиштата

Реклама