Шест коловозни ленти, централно зеленило, и пешачки и велосипедски патеки. Вака ќе изгледа булеварот „Цветан Димов” во Општина Чаир, но дури за две -три години, а ќе почне да гради следната година. Ова денеска го најави градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов,кој го објави почетокот на тендерот за негово проектирање.
Ова неформално значи и изградба на втората траса на Бас Рапид Транзитот, бидејќи тука има коридор по кој ќе се движи до железничката во Бутел.
Постапката трае долго поради експропријацијата на определен број објекти и нивно остранување бидејќи се наоѓаат на самата траса.
– Свесен сум дека ќе уриваме неколку објекти, ќе го надоместиме тоа, но многу повеќе сум свесен дека тоа ќе биде трајното решени за овој дел од градот. Кога ќе ги ставите на кантар зијанот и бенефитот што го добиват граѓаните тогаш дефинитивно станува збор за еден поголем бенифит, рече Шилегов.