Dark Mode Light Mode

Изложба по повод 110 години од раѓањето на Димче Коцо, еминентниот македонски ликовен автор

На 23 јуни во Чифте Амам ќе биде отворена изложба по повод 110 години од раѓањето на Димче Коцо, еминентниот македонски ликовен автор кој остави белег во историјата на македонското сликарство. Изложбата ќе биде отворена до крајот на август.

Димче Коцо е наш најпознат историчар на уметноста, кому му успеваше да ја движи научната мисла во Македонија, во сите области поврзани со историјата на уметноста.

Роден е на 10 октомври 1910 година во Охрид. Извесно време го посетувал Уметничкото резбарско школо во Охрид. Матурирал 1930 година во Битола. Учел во Уметничкото занаетчиско училиште во Белград и студирал Историја на уметност на Филозофскиот факултет во Белград, на кој дипломирал во 1936 година. Бил учесник во НОБ и комесар на Охридската бригада. По завршувањето на војната се вратил во Скопје каде веќе од декември 1944 година работи на формирање на првиот македонски Народен музеј во Скопје, основан 1945 година и бил негов прв директор.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Македонските нуркачи го чистеа Јадранско, ние немаме море ама ѓубре колку сакаш

Next Post

Ќе помогнат ли казните за пијани возачи и оние кои возат пребрзо?

Реклама