Dark Mode Light Mode

(ФОТО) Обновен главниот конак во „Свети Пантелејмон“, задржана е автентичноста

Завршија реставраторските и конзерваторски работи на главниот конак во манастирскиот комплекс Свети Пантелејмон, во Горно Нерези.

Обновена е столаријата и внатрешното уредување на конаакот – подот, тоалетите, заменети се прозорите, поставен е и нов систем за противпожарна заштита и електрична инсталација.

Сето ова чини шест милиони денари, пари од Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој.

Реклама

За оваа реконструкција, согласност даде и ресорното Министерство за култура.

Информацијата ја споделија од Општина Карпош.

-Уште поважно е што истиот има автентичен и уникатен изглед, во духот на манастирската целина, имајќи го предвид фактот дека црквата Свети Пантелејмон е дел од нашето културно наследство која датира уште од дванаесетиот век, велат од Општина Карпош.

Свети Пантелејмон е дел од националната туристичка мапа и со овој проект се придонесува кон негово заживување, со што станува уште поатрактивен за домашните и странски туристи.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Нашите се фалат со вакцинацијата додека граѓаните се вакцинираат во соседните земји

Next Post

По неколкудневно затишје, денеска двајца починати од ковид - нови 19 се заразени

Реклама