Dark Mode Light Mode

На Табановце и утрово се чека 30до 40 минути поради вакцина-туризмот во Србија

На граничните премини, од македонската страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на Табановце каде се чека околу 30 до 40 минути, соопштија утрово од АМСМ.

Причина за тоа е што голем број македонски државјани одат во Србија на ревакцинација, откако пред три месеци ја примија првата доза. Исто така, Србија доволува и вакцинација без закажување за македонските граѓани на сите вакцинални пунктови.

Неофицијано, од вчера до 21 јуни треба да се ревакцинираат околу 15.000 наши граѓани, од кои најмногу во Белград.

Реклама

Во останатиот дел, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Не им доаѓа памет: Седум возачи возеле со 200 на час на автопатот Скопје-Велес

Next Post

Очекуваме опструкции околу референдумот, ако треба од септември ќе ја бојкотираме наставата

Реклама