Dark Mode Light Mode

Најави за патеки за пешаци и велосипеди во Скопје: Ќе копате сега или месецот пред избори?

Град Скопје најави пешачки и велосипедски патеки на неколку улици во градот. Па така новите патеки би биле на улицата 11 Октомври, од раскрсницата со булеварот Кочо Рацин до раскрсница со улицата Пролет, потоа на улицата Димитрија Чуповски од раскрсницата со булевар Свети Климент Охридски до раскрсницата со улицата Даме Груев. И не е само ова, градоначалникот Петре Шилегов предвидел и реконструкција на улицата Бутелска, од вкрстување со улицата Александар Урдаревски до обиколницата.

Најавите се за поздрав, се разбира. Се надеваме дека Шилегов ќе си остане на зборот. Но, она што не може а да не се забележи е фактот дека ги соопшти на 4 месеци до локалните избори, а тој за Скопје веќе информираше оти пак ќе трча. Зошто ваквите реконструкции не можеше да се направат претходно? Оваа дилема стои, заради тоа што предизборните ветувања наместо реализирани проекти, не го прават различен од неговите предходници.

И не е тоа единствената дилема. Туку важно е дали ако веќе се прават ќе се почне веднаш, додека е лето и нема метеж, или ќе се почне на крајот од оваа сезона кога можеби и децата ќе се вратат во училишните клупи, кога хаосот во градот е три пати поголем отколку во лето?

Реклама

Од Градот велат дека договорот за реконструирање и правење нови патеки е потпишан, а рокот за завршување е 12 месеци.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Арнаутовиќ се извини за навредите кон Алиоски, ФФМ од УЕФА бара дисциплинска

Next Post

Променливо облачно со сончеви периоди и температури до 26 степени

Реклама