Dark Mode Light Mode

Сојуз на средношколци: Незаконско е наплаќањето на свидетелствата по 150-200 денари

Скандалозно и незаконско е наплаќање на свидетелства на ученици од страна на некои училишта во земјава реагира денеска Сојузот на средношколците. Оваа организација соопшти дека во изминатите неколку дена се повторува проблемот од минатата година –  добива поплаки од средношколци од повеќе градови во земјава дека нивните средни училишта наплаќаат такси за издавање свидетелства.

Сојузот бил информиран за ова од средношколци, а информациите му биле потврдени и од мрежата на активисти во тие градови.

-Средното медицинско училиште во Тетово наплаќа меѓу 150-200 денари за свидетелство, додека економското училиште во Тетово бара износ од 150 денари за издавање на свидетелството и на дипломата за крај на средното образование. Исто така, и скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“ им наплаќа на своите ученици 100 денари за свидетелство, наведува Сојузот, а гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп 30 денари од ученик, се наведува во реакцијата.

Реклама

Организација на средношколците  укажува дека товарот за печатењето не смеат да го сносат ниту учениците, ниту професорите во средните училишта.

-Ова е скандалозно и проблематично. Барањето пари од учениците го загрозува јавниот и бесплатниот карактер на државното образование.Појавиве се спротивни на ставот 2, член 3 од Законот за средно образование, кој гласи: „Средното образование во јавните средни училишта е бесплатно“. Во Законот никаде не се спомнуваат вакви такси. Главниот проблем е во тоа што земањето на свидетелствотото не е опционална одлука. Свидетелството е задолжителен документ и е доказ за успешно завршена учебна година. Учениците се лишени од избор – тие мора да платат доколку сакаат да ја завршат учебната година, соопшти Сојузот на средношколци кој најави дека за ова ќе го информира со извештај Државниот просветен инспекторат.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Маж со нож се заканувал во метадонскиот центар во Кавадарци

Next Post

Утре во Центар протестен собир „Кога пилите ќе стивнат“

Реклама