Dark Mode Light Mode

Граѓаните на протест против сечата на дрвјата на улицата „Орце Николов“

Мирен граѓански протест испровоциран со сечата на зелените дрвја на улицата „Орце Николов“ ќе се одржи денеска на пладне , во близина на ресторанот Пепер во скопско Дебар МаалоПод паролата “Кога пилите ќе стивнат” граѓаните ќе го искажат својот револт од овој чин а во организација на Коалицијата на локални граѓански здруженија „Зелен хуман град“.

Собирот ќе почне на раскрсницата на Ленинова со Орце Николов (кај Пепер), со едноминутен молк за згаснатите животи на здравите дрвја, а потоа ќе продолжи кон раскрсницата на Наум Наумовски Борче со Орце Николов (кај Синдикат) со цел спасување на останатите дрвја на тој потег.

-Повеќето од исечените дрвја беа со зелени крошни, а не целосно суви и трули како што тврди Општина Центар, а и тие што биле заболени можело да се лечат наместо да се сечат – и да се ужива во нивните благодати додека младите дрвја не пораснат! Додека новозасадените дрвца пораснат и станат целосно функционални за апсорпција на јаглерод диоксид и заробување на ПМ честичките со листовите – ќе поминат децении. За властите, за ова може да се почека, но за парите не може. Револтот од ваквиот однос ќе го изразиме на местото на злосторот. Ќе застанеме во круг околу целиот простор на кој дрвјата беа колатерална штета на погубни политики и со минута молк ќе им оддадеме почит на паднатите битија кои со децении ни го прочистуваа воздухот што го дишеме, велат од Коалицијата.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Помалку заболени и починати од ковид-19, се намалува и бројот на активни случаи

Next Post

Растурена домашна забава во Скопје, приведени осум лица

Реклама