Dark Mode Light Mode

Претпладне облачно со малку сонце, попладне пороен дожд

Облачно време со сончеви период во претпладневните часови најавуваат метеоролозите за денеска на скопското подрачје. Попладне и до крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе достигне до 27 степени.

И на подрачјето на Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и до крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења и услови за појава на град. Максималната температура ќе се движи од 21 до 30 Целзиусови степени.

Утре ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика пад на дневната температура. Значително затоплување се очекува од средината на следната седмица.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Османи: Логото и кратенката на ФФМ не е во спротивност со Преспанскиот договор

Next Post

Мицкоски: На 16 јуни ќе го соопштиме нашиот новитет за пресврт

Реклама