Dark Mode Light Mode

Затворено досието „геноцид во БиХ“: Потврдена доживотната казна затвор за генералот Ратко Младиќ

Жалбениот совет на Хашкиот Трибунал денеска ја потврди првостепената пресуда против воениот командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, кој е осуден на доживотен затвор за најсериозните воени злосторства за време на војната во БиХ, вклучително и геноцидот во Сребреница.

Со ова, по 26 години заврши последното судење за геноцид на територијата на БиХ пред судот на Обединетите нации за поранешна Југославија.

Младиќ се наоѓа во притвор во Шевенинген од 31 мај 2011 година. Судењето траеше од 16 мај 2012 година до 15 декември 2016 година, при што беа сослушани 169 сведоци на обвинителството и 208 сведоци на одбраната, како и писмени изјави на уште 214 сведоци. Прифатени беа 9.914 доказни предмети.

Реклама

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Неделата е неработен ден од 1 октомври - за оние што ќе работат плус 100 отсто дневница и слободен ден

Next Post

Може не работеа целосно годинава, ама административците ќе си земат К-15

Реклама