Dark Mode Light Mode

Неделата е неработен ден од 1 октомври – за оние што ќе работат плус 100 отсто дневница и слободен ден

Од 1 октомври да стартува концептот недела -неработен. Владата на денешната седница ги усвоила измените на Законот за работни односи, а што предвидуваат тие, на прес-конференција зборуваа премиерот Зоран Заев, министерката за труд Јагода Шахпаска и министерот за економија Крешник Бектеши

Работниците кои ќе работат во недела ќе добијат поголема дневница и слободен ден, што ќе може да го користат во наредните 7 дена. Додатокот за работа во недела и за празници треба да изнесува најмалку 100 отсто од дневницата за секој час поминат на работа.

Предвидени се и посебни санкции за непочитување на законските решенија.

Реклама

Исклучок од неработењето в недела се продавници и штандови за продажба на сладолед, колачи, весници, апетисани… во туристички центри, продавници во трговските центри, кои може да работат само една смена – од 10 до 18 часот, штандови за време на саеми и други настани, продавници за трговија на мало каде што трговијата ја врши сопственикот.

Паралелно, донесени се и измени на Законот за трговија, кои се услогласуваат со измените во Законот за работни односи за недела – неработен ден.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Државата уште 6 месеци во кризна состојба поради ковид - опозицијата гледа можна злоупотреба за локалните

Next Post

Затворено досието „геноцид во БиХ“: Потврдена доживотната казна затвор за генералот Ратко Младиќ

Реклама