Dark Mode Light Mode

Владата го повлече Предлог-законот за дивоградби од собраниска процедура

Владата на денешната седница одржана преку видеоконференциска интернет врска, донесе Одлука за повлекување на Законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, кој се наоѓа во собраниска процедура.

„ Во известувањето, кое го прифати Владата беше изнесено дека во изминатиот период ресорното Министерство за транспорт и врски организираше работни средби со претставници на комори и асоцијации од областа на градежништвото, урбанизмот, претставници на граѓанскиот сектор и учествуваше во јавни дебати организирани од страна на останати субјекти, на кои беа дадени забелешки за одредени законски решенија и предлози и сугестии за нивно доуредување“ соопшти владината прес-служба.

Оттаму додаваат дека Министерството за транспорт и врски ќе изработи нов Предлог-закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, согласно дадените забелешки.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

139 сообраќајни прекршоци, 61 за брзо возење

Next Post

Полицијата извршила претрес кај тројца полициски службеници осомничени за оддавање на службени тајни

Реклама