Dark Mode Light Mode

Гран при на „Литературни искри“ за штипјанката Фросина Тасевска

Фросина Тасевска, поетеса од Штип е добитничката на гран при – највисоката награда на осмото издание на меѓународниот фестивал „Литературни искри“. Пандемијата го пресели и овој настан на интернет, па се течеше преку социјалните мрежи. На конкурсот се пријавија 126 автори, покрај Македонија конкурираа и поети од Словенија, Бугарија, Албанија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина.

За најдобар странски автор е прогласена Аида Ораховац, од Куч, Црна Гора. Првата награда му припадна на Владо Поповски од Скопје, а втората на Тони Павлески од Прилеп. Третата награда за поетска творба ѝ е доделена на Сања Нечовска од Скопје.

За најуспешна млада искра е прогласен шеснаесет годишниот Елмин Елези од Скудриње, Општина Маврово и Ростуше.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Направи ли Владата анализа зошто треба кај нас да „светне“ универзитетот Св. Св. Кирил и Методиј?

Next Post

Распаднатиот кауч со порака: Се уште има кабаст отпад за собирање

Реклама